КОСТА КОСТАДИНОВ ИЗБРАН ЗА ЧЛЕН НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ!

мај 16, 2021

Нова подмладена кадровска понуда, силна борба со корупцијата, охрабрување на различното мислење и поттикнување и мотивација на граѓаните ќе бидат главните столбови на новата политичка акција на СДСМ, рече Зоран Заев на отворањето на 26 конгрес на партијата.

Во својот говор, партискиот лидер направи рекапитулација на последните 4 години од преземањето на власта до денеска. Потенцираше дека наследиле нестабилна држава раскарана со соседите која според него имала опустошена економија. Рече дека СДСМ ја вратиле демократијата во Македонија и дека за тоа добиле поддршка од граѓаните што се покажало на сите изборни циклуси од преземањето на власта до денеска.

Пред малку на својот фејсбук профил се обрати и струмичкиот пратеник од редовите на СДСМ Коста Костадинов, кој беше избран за член на највисокото раководство на СДСМ.

Коста Костадинов:

Огромно благодарам на членовите на СДСМ, на централниот одбор, на најсилната СДММ со претседателот и мој добар другар Марко,на мојот координатор Јован, генералниот секретар Љупчо, заменичката претседателка и моја многу добра другарка Сања, на претседателот Зоран Заев кој е мој учител и пример за политичар, но и пример за тоа што значи да се биде човек.

Денес СДСМ покажа дека е поединствена, сплотена и поорганизирана од кога било досега.

Да се биде член на извршниот одбор само по себе значи огромна одговорност и огромна чест, од дното на срцето ви гарантирам дека таквата доверба како и досега ќе ја оправдам.
Се залагав и ќе се залагам како член на највисокото партиско раководство дека посветено ќе работам за доброто на граѓаните, за афирмација на социјалдемократските вредности, за сите мои струмичани кои несебично веруваа и веруваат во моите постапки.

На следните избори како и на претходните СДСМ ќе направи уште една огромна победа, како што ви ветив и на претходните, вмровското лавче во Струмица уште долго ќе мјаучи!
Благодарам СДСМ, благодарам Струмицо моја!

До конечна победа✊

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ