strumica denes logo

Коста Костадинов го разреши директорот во чие училиште предава наставникот обвинет за полов напад!

Автор:

Датум:

мај 23, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 23, 2022

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Ред, дисциплина и одговорност мора да има, секогаш и секаде во општина Струмица.

Како човек и градоначалник сум згрозен од наставникот во струмичко училиште за кој има сомневање дека недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете.

Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените.

Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето.
Ова нека биде опомена за сите.

Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители.