Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
За мене зборот е збор. Ветив транспарентно и отчетно работење и исполнувам.
По еден месец од извршувањето на функцијата градоначалник на општина Струмица, одржав прес конференција на којашто информирав, како го почнав и реализирам мандатот.
Дојдов со силна желба, концепт и подготвен за работа. И јас и мојот тим се договоривме и работиме, интензивно, транспарентно и отчетно и во кабинетот и на терен. Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија на нашата Општина, модерна и европска.
Општината е во стабилна состојба. Започнатите проекти интензивно се реализираат. По нашите анализи, но и слушајќи ги граѓаните, ги мапиравме реалните потреби и почнавме да проектираме нови проекти. Не чека многу работа, но имам и желба и сила да ја оправдам довербата којашто ми беше дадена.
Од срце за Струмица.