strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ: АКО ИМАТЕ ИДЕЈА ЗА ВАШЕТО МААЛО, КОНТАКТИРАЈТЕ МЕ!

Автор:

Датум:

септември 4, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Автор:

Датум:

септември 4, 2021

Категории:

СДСМ, Струмица

Коста Костадинов, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Струмица:

Во финална фаза е изработката на програмата со која ќе се претставам пред моите струмичани и струмичанки.
Имам силна и мотивирана екипа составена од многу млади, но и возрасни струмичани, од населените места, но и од градот, кои знаат да ги постават контурите на најдоброто за нашата општина.

Програмата со која ќе излезам пред вас ќе биде мегдан и мотив за секој еден струмичанец да го даде најдоброто од себе.
Ќе бидам градоначалник кој ги слуша потребите на граѓаните и соодветно ги имплементира во конкретни дела и проекти.
Од таа причина уште од самиот старт сакам така да почнеме.

Мои струмичани од почетокот на мојата кариера сум бил отворен за комуникација, мојот број го знае речиси секој.
Доколку имате идеја за вашето маало, која сакате да биде составен дел од нашата заедничка победничка програма, мојот број е 075/207-451.

Искрено ваш Костадин Костадинов