strumica denes logo

КОСТА ЈАНЕВСКИ: ОВАА ГОДИНА НЕМА ДА АСЕ ОДРЖУВААТ ЈАВНИ СОБИРИ СО ГРАЃАНИТЕ ОД МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ!

Автор:

Датум:

октомври 30, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 30, 2020

Категории:

Струмица

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Почитувани сограѓани,

Ве известувам дека поради пандемијата со вирусот Ковид-19 и почитувањето на сите мерки на претпазливост, а кои се насочени кон што поголема внимателност и грижа за здравствената состојба на сите нас, оваа година нема да се одржуваат Јавни собири со граѓаните од месните и урбаните заедници.

Ве повикувам сите коишто имате предлози од областа на инфраструктурата и комуналното уредување, а кои се во надлежност на Општината, да ги поднесете до претседателите на урбаните и месните заедници, кои потоа ќе бидат доставени до Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа на општина Струмица, за да можат да бидат разгледани и да влезат во Програмата за комунално уредување 2021 и подготовката на Буџетот за 2021 година на општина Струмица.

Дополнителни информации може да се добијат од лицето за контакт, Миле Тимов на телефонскиот број 034 336 120.

Ги очекувам Вашите предлози, заедно да ја развиваме нашата Општина.