strumica denes logo

Концерт на добрината во Струмица за малата Тијана Дунгевска!

Автор:

Датум:

август 27, 2025

Автор:

Датум:

август 27, 2025

Елеуса Фондација организира хуманитарен „Концерт на добрината“ со единствена цел – поддршка за малата Тијана Дунгевска, девојче кое на само девет години веќе речиси една година се бори со најтешката болест.

Настанот носи порака на надеж, солидарност и човечка хуманост. Организаторите упатуваат повик до сите граѓани да бидат дел од овој концерт и со заеднички сили да ѝ помогнат на Тијана да го продолжи своето лекување.

„Секоја помош, без разлика колку е мала, значи нова шанса и надеж за Тијана“, велат од Фондацијата.

Влезот за концертот е бесплатен, а посетителите ќе имаат можност да донираат онолку колку што можат во поставените кутии за донации.

Со овој хуманитарен настан, Струмица повторно ја докажува својата голема солидарност и сплотеност во моменти кога најмногу е потребна.