Концепт-Струмица ќе биде дел од престижната „Wine Vision by Open Balkan” манифестација од која ќе бидат дел елитни ресторани од Балканот!

ноември 15, 2023

Во периодот од 16 до 19 ноември во Белград, Србија елитни ресторани од балканот ќе се натпреваруваат на овој уникатент и престижен настан.

Покрај натпреварувачкиот дел и презентациите на настанот свои говори и мастер класови ќе имат признати и најценети готвачи од балканот.

Тимот на Concept предводен од шеф Кирил Иванов заедно со готвач Семија Демова и соработник шеф Мирко Митревски ќе земат учество и ќе се натпреварува во 3 категории.

Судскиот комитет на Wine Vision ќе биде составен од светски готвачки имиња со стандарди на највисоко гастрономско ниво со што ќе биде одлична можност Concept уште еднаш да ја покаже својата професионалност и уникатност во светот на гастрономијата и угостителската индустрија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ