Пожарот кој изминативе два дена го зафати пределот помеѓу селата Дражево и С.Коњарево синоќа беше целосно локализиран и ликвидиран. Изгореа околу 25 хектари нискостеблеста шума, овоштарници и викендичка. На терен беа 16 пожарникари со 2 ПП возила и 2 теренски возила. Голема благодарност до Трајко, Лазо ….и останатите жители на С.Коњарево и Дражево кои помогнаа во гасењето на пожарот.
КОНЕЧНО ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КОЈ ДВА ДЕНА ГОРЕШЕ ПОМЕЃУ ДРАЖЕВО И С.КОЊАРЕВО!
