Концерт на Александра Јанева на првиот Family Day во Струмица во недела!

октомври 25, 2019

Александра Јанева и нејзиниот бенд ќе одржат двочасовен бесплатен концерт во недела, 27 октомври во градскиот парк. Нејзиниот настап ќе биде дел од првиот Adient Family Day во организација на aгенцијата Евентум. Најавена е богата четиричасовна бесплатна програма од отворен карактер за сите возрасти. Семејниот ден со наслов „Ние сме семејство“ ќе започне од 11:30 часот. Низ настанот публиката ќе ја води мултиталентираното дуо-водители и актери Атанас и Тино. За најактивните деца и родители ќе бидат доделени бројни награди и изненадувања. На сцена ќе ги видиме настапите на локалното танцово студио One Way. За најмалите ќе биде поставено креативно уметничко катче, збогатено со многу детски игри, боенки, суперхерои, маскоти. Како најголемо изненадување ќе биде гостувањето на популарната
сезнајка Биби oд „Сказните на Биби“ кои се вистински хит меѓу децата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ