„КОМУНАЛЕЦ“ ЗАПОЧНА СО ДЕЛЕЊЕ ВТОРА КАНТА ЗА СМЕТ НА СТРУМИЧКИТЕ ДОМАЌИНСТВА!

март 19, 2023

Од денеска ЈПКД „Комуналец започна со делење втора канта за смет на струмичките домаќинствата со цел – селекција на отпад од пластика и лименки. На почетокот ќе бидат опфатени 2 градски Реони и согласно динамиката за реализација, наскоро канти за селектиран отпад ќе добијат сите домаќинства во Општина Струмица.

Кантите за смет ќе се делат бесплатно, а сите ние како одговорни граѓани пожелно е правилно да ги користиме за селекција на отпад од пластика и лименки, објави градоначалникот на општина Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ