Од овој викенд, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ – Струмица започнува со голема есенска акција за рачно и машинско чистење и перење на улиците низ градот. Активностите ќе се одвиваат на повеќе главни и фреквентни сообраќајници со цел подобрување на хигиената и изгледот на градот пред претстојниот зимски период.
Првите улици кои ќе бидат опфатени со акцијата се Булевар „Маршал Тито“, Булевар „Ленинова“, Булевар „Гоце Делчев“, како и улиците „Балканска“, „Маршал Тито“, „Гоце Делчев“, „Сандо Масев“ и „Невена Стојкова“.
За да се обезбеди непречено извршување на активностите и поголема ефикасност на механизацијата, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните од наведените улици во недела, 9 ноември, во периодот од 05:00 до 14:00 часот да ги отстранат своите паркирани возила.
Со оваа акција, ЈПКД „Комуналец“ продолжува со редовните сезонски активности за одржување на чиста и уредна животна средина во Струмица, повикувајќи на соработка и општествена одговорност од сите граѓани.























