bandr
Струмица

„КОМУНАЛЕЦ“ ВРШИ ЗАМЕНА И НИВЕЛИРАЊЕ НА ШАХТИТЕ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО СТРУМИЦА!

Работна единица на „Секторот водовод и канализација“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши замена и нивелирање на шахтите на повеќе улици во градот. Се работи за шахти подигнати повеќе од нормалното ниво или пропаднати шахти под нивото на коловозот на улиците, а кои претставуваат проблем за учесниците во сообраќајот кој може да предизвика несакани последици. Досега се средени 26 шахти, а оваа акција ќе продолжи и понатаму