ЈПКД „Комуналец“ – Струмица организираше заедничка вечера за своите вработени од муслиманска вероисповед, испраќајќи силна порака за почитување на различностите и негување на заедништвото во колективот.
Настанот помина во пријатна и топла атмосфера, исполнета со меѓусебна почит, дружење и позитивна енергија, при што уште еднаш беше потенцирана важноста од градење на тимски дух и пријателство меѓу сите вработени.
Од ЈПКД „Комуналец“ истакнуваат дека ваквите иницијативи придонесуваат за зацврстување на меѓучовечките односи и создавање на работна средина заснована на разбирање и солидарност.
Воедно, од претпријатието упатија искрени честитки по повод Рамазан Бајрам, посакувајќи им на сите граѓани здравје, мир и благосостојба, како и празник исполнет со радост, среќа и хармонија во секое семејство.



























