„КОМУНАЛЕЦ“ СО АПЕЛ ДО СТРУМИЧАНИ ДА ЈА КОРИСТАТ РАЦИОНАЛНО ВОДАТА ЗА ВРЕМЕ НА НАЈАВЕНИТЕ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ!

август 8, 2019

Врз основа на податоците од УХМР и најавените високи температури кои се очекуваат во наредните неколку денови, Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ – Струмицa, апелира до граѓаните на град Струмица и населените места за рационално користење и употреба на водата исклучиво за санитарни потреби, односно да се избегнува полевање на дворови и перење на површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Со рационалното користење на водата ке се придонесе за стабилност на водоводниот систем и континуирано водоснабдување на сите граѓани.

„Со рационалното користење на водата ќе се придонесе за стабилност на водоводниот систем и континуирано водоснабдување на сите граѓани“ – вели Стојан Ефтимов, раководител на Одделението „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ Струмица, истакнувајќи дека јавното комунално претпријатие во наредните денови ќе се воздржи од перење на улици и полевање на зелени површини во градот, се со цел да се постигне квалитетно водоснабдување во градот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: