strumica denes logo

„КОМУНАЛЕЦ“ СО АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ ОТПАД НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

декември 15, 2025

Автор:

Датум:

декември 15, 2025

Во текот на вчерашниот ден, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ спроведе организирана и координирана акција за подигање, собирање и соодветно отстранување на комуналниот отпад на повеќе претходно утврдени локации на подрачјето на градот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Акцијата била реализирана согласно утврдената динамика и програмата за редовно одржување на јавната чистота, при што биле ангажирани расположливата механизација и вработените на претпријатието. Од „Комуналец“ информираат дека ваквите активности се дел од континуираните теренски ангажмани насочени кон подобрување на хигиенските услови и зачувување на животната средина.

Од претпријатието посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со редовни активности за одржување на јавната чистота, при што апелираат до граѓаните за совесно постапување и правилно одлагање на отпадот, со цел градот да остане уреден и чист.

  • Banner