Со цел да одговори на потребите на граѓаните за почисти улици низ градот ЈПКД „Комуналец„ започнува со акција за генерално собирање на отпадот низ улиците на Струмица. Акцијата започнува во Недела 9 Октомври и ке бидат подигнати сите мапирани поголеми купови со смет кои се наоѓаат по улиците на градот.
Освен тоа апелираме до сите домаќинства кои имаат различни видови отпад во петок и сабота да го извадат и остават пред дворовите и воедно да го пријават на телефонскиот број 13-110 како би можел во недела да биде подигнат. Оставањето на отпад пред домовите во определени денови и секако негово пријавување на тел 13-110, а не негово секојдневно фрлање ќе допринесе за почисти улици низ градот. Да појасниме дека сметот од контењерите и кантите се подига редовно по определен редослед а оваа акција се однесува за секаков друг вид на отпад.