strumica denes logo

„КОМУНАЛЕЦ“ БАРА РАЗБИРАЊЕ И ТРПЕЛИВОСТ: ДЕФЕКТИ НА ВОЗНИОТ ПАРК ГО НАРУШУВААТ ПЛАНОТ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СМЕТОТ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

ноември 25, 2025

Автор:

Датум:

ноември 25, 2025

Јавното претпријатие „Комуналец“ – Струмица ги информира граѓаните дека во наредниот период подигањето на комуналниот отпад од домаќинствата ќе се одвива во намален обем поради технички дефекти на дел од автосмеќарите.

Од претпријатието појаснуваат дека, како резултат на дотраеноста на возниот парк, на возилата секојдневно се појавуваат нови дефекти, што директно влијае на динамиката на терен и на навременото подигнување на сметот. Техничките служби на „Комуналец“ активно работат на отстранување на дефектите и ставање во функција на сите расположливи возила.

„Ги молиме граѓаните за малку повеќе разбирање и трпеливост во овој период. Наши екипи се на терен и правиме напори во најкраток можен рок услугата да се нормализира и подигањето на сметот повторно да се врши согласно утврдениот план“, стои во соопштението на ЈП „Комуналец“ – Струмица.

  • Banner