КОМПАНИЈАТА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ МЕГАНТИК ДОНИРАШЕ 30 МОНИТОРИ НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА „НИКОЛА КАРЕВ“ И „ЈАНЕ САНДАНСКИ“!

април 18, 2024

Објава на LinkedIn на Мегантик Македонија: 

Свесни за тоа колку е важна достапноста на дигиталната технологија за секоја млада личност, Мегантик донираше 30 монитори на струмичките средни училишта Никола Карев и Јане Сандански. Веруваме дека квалитетно и современо образование е клучно за равојот на нашите поколенија и горди сме што можеме да дадеме свој мал придонес кон тоа.

Како компанија која секогаш се залага за младите и нивниот напредок, Megantic Macedonia исто така ќе оддржи летна средношколска пракса за Search Engine Optimization (SEO). Во рамките на оваа пракса, ќе им обезбедиме можност на средношколците да го истражат светот на дигиталниот маркетинг и да стекнат вредно искуство во областа на SEO. Повеќе за тоа може да откриете на овој линк https://www.megantic.mk/intership24/

Воодушевени сме од можноста да ги поддржиме и инспирираме младите да ги откријат своите потенцијали во светот на дигиталните технологии. Веруваме дека инвестирањето во нив е инвестирање во иднината.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ