Колку девизи може по човек да се внесе во Македонија?
Резидентите можат слободно да внесат ефективни странски пари до 10.000 евра и до 120.000 денари по лице. За износ над 10.000 евра задолжително се пријавува на царинскиот орган. Истото важи и за нерезидентите – до 10.000 евра и 120.000 денари може без пријава, а за над тој износ мора пријава и се издава писмена потврда од царината.
Дали мора да се има потврда од менувачница за изнесување 2.500 евра од Македонија?
При изнесување на средства, резидентите можат слободно да изнесат до 2.000 евра и до 120.000 денари по лице. За износ над 2.000 евра е задолжително пријавување на царинскиот орган и приложување потврда од овластена банка или менувачница. Изнесување над 10.000 евра е забрането.
Оттука, ако сакате да изнесете 2.500 евра од Република Македонија, потребно е на царинскиот орган да му приложите потврда од овластена банка или менувачница!























