strumica denes logo

КОКАИН ЗАКОПАН ВО ЗЕМЈА КАЈ БОСИЛОВО – СО РАБОТНИ МАШИНИ ПОЛИЦИЈАТА ЈА ИСКОПА ДРОГАТА!

Автор:

Датум:

мај 12, 2026

Автор:

Датум:

мај 12, 2026

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против три лица – И.Ѓ. (26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. (33) од Гевгелија и В.С. (51) од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според информациите од полицијата, првопријавениот И.Ѓ. ја организирал набавката на кокаин, а по претходен договор со второпријавениот П.Ч., го ангажирал да ја транспортира дрогата со неговото возило до третопријавениот В.С. во Струмица.

По преземањето на кокаинот, В.С. го сокрил наркотикот така што го закопал во земја на локацијата викана „Топо“, во атарот на селото Босилово, струмичко.

По добиени оперативни сознанија и спроведени службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица ја лоцирале скривницата, по што со помош на работни машини дрогата била ископана, пронајдена и одземена.

Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

ФОТО: АИ