strumica denes logo

Кокаин пронајден во возило на 69-годишник од Струмица!

Автор:

Датум:

април 10, 2026

Автор:

Датум:

април 10, 2026

Кривично ќе се гони 69-годишник од Струмица во чие возило била пронајдена дрога.

– СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(69) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираа од МВР и додаваат дека случајот е нотиран на 2.април годинава во Струмица, кога полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и на патничкото возило кое го управувал, при што бил пронајден и одземен кокаин.