КОЈ САКА НЕКА ЧЕСТИТА: Платите на околу 2.000 функционери во Македонија дополнително ќе бидат зголемени до 400 евра!

октомври 7, 2023

Платите на околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица од 1 јануари 2024 ќе бидат зголемени од 150 до 400 евра месечно. Платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, којашто годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо.

Платите ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!

Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот Димитар Ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ