КОГА СЕ РАБОТИ ЗА УСПЕХ, ЛЕТО НЕМА: МАТЕМАТИЧАРИТЕ НА СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ СО ПЕХАР И МЕДАЛИ СЕ ВРАТИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ ПО НЕСЕБАР!

јули 6, 2019

По бројните натпревари по математика на кои учениците-математичари на СОУ „Јане Сандански“ учествуваа и освојуваа награди, учебната година ја завршија со забележителен успех на 6-тиот меѓународен натпревар „Математика без граници“ (Mathematics Without Borders) кој се одржа од 29 јуни до 1 јули во Несебар, Бугарија.

Тука, 14 ученици, предводени од професорките м-р Елена Лазарева и Божана Лазарова, се натпреваруваа според возраста во различни категории, со математичари – прваци не само во своите земји, туку и во светот, и, како и секогаш, успешно го претставија училиштето, освојувајќи вкупно 7 медали, освоени во индивидуално и тимско натреварување.

Ученикот од I година Димитар Џорлев беше награден со бронзен пехар како најуспешен во неговата категорија, 9-тата група, и тоа во сите четири сезони.

На индивидуалниот натпревар, во највисоката категорија, учениците Дмитар Звонимир Митев, Димитар Џорлев, Зора Лазарева и Зуле Николова освоија бронзени медали.

На тимскиот натпревар, исто така во највисоката категорија, тимот во состав Дмитар Звонимир Митев, Зуле Николова и Катерина Стоилова, освои бронзен медал.

Освен наградените, на натпреварот учествуваа и учениците Крсте Симеонов, Кирил Христов, Анастасија Зимбакова, Виолета Џорлева, Мартина Горгиева, Стефани Стојанова, Роберт Јанев, Светлана Иванова и Викторија Терзиева.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ