КИРИЛ НАЗОВ Е ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР ПОЛИЦАЕЦ ОД ОПШТИНА БОСИЛОВО ЗА 2023 ГОДИНА!

декември 28, 2023

На предлог на старешините во СВР Струмица, за најдобар полициски службеник на територијата на Општина Босилово е избран Кирил Назов од Радово.

„Верувам дека ваквото признание ќе биде дополнителна мотивација за уште поуспешна работа во иднина, а со цел подобрување на безбедноста на граѓаните на општина Босилово и верувам дека неговата работа, како досега, а уште повеќе од сега понатаму, ќе биде пример и стимул и за останатите негови колеги полицајци од нашата општина и пошироко.“, објави градоначалникот на општина Босилово Ристо Манчев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ