Еден час подолго ќе спиеме вечерва, затоа што стрелките на часовникот во 3 часот ќе се вратат назад за еден час. Почнува зимксото сметање на времето.
Секоја година, зимското сметање на времето почнува во последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ се уште нема донесено конечна одлука.
наку идејата за поместување на часовниците датира од 18 век, кога ја предложил Бенџамин Франклин, но била широко користена само во 20 век, особено за време на светските војни и енергетската криза од 1970-тите.
Главната цел била да се заштеди енергија, но со развојот на технологијата и промените во начинот на живот, придобивките станале предмет на дебата.
Иако поместувањето на часовникот изгледа како мала промена, многу експерти предупредуваат дека тоа може да влијае на внатрешниот биолошки часовник на една личност. Во деновите по промената на времето, некои луѓе може да доживеат замор, намалена концентрација и нарушувања на спиењето. Особено ранливи групи се децата, постарите лица и оние кои работат во смени.























