strumica denes logo

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ДВЕ НОВИ ЛЕНТИ НА „БОГОРОДИЦА“ ЗА ДА СЕ НАМАЛАТ ЛЕТНИТЕ ГУЖВИ, НАЈАВИ ТОШКОВСКИ

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

Автор:

Датум:

јули 2, 2025

На граничниот премин со Грција „Богородица“ ќе бидат отворени две нови ленти за излез од државата и една дополнителна лента за влез на товарни возила, кажа денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според него, овој потег треба значително да го олесни сообраќајниот метеж, кој е особено изразен во летниот период поради големиот број туристи од регионот што патуваат кон Грција.

Министерот очекува дека со зголемувањето на капацитетот и ефикасноста на преминот, долготрајните чекања од неколку часа ќе се намалат.

Тошковски исто така најави и долгорочна стратегија, според која товарниот сообраќај би се пренасочил на посебен граничен премин, слично на решението што веќе го применува Грција.