ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ? Владата разгледува таков предлог!

октомври 17, 2023

Вицепремиерот Битиќи најави дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека денеска на Влада ќе биде поднесено законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе бидат ослободени дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

– Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност – најави синоќа Битиќи во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Тој нагласи и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ