strumica denes logo

ЌЕ РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ!

Автор:

Датум:

август 25, 2023

Автор:

Датум:

август 25, 2023

Високите цени на производите ќе продолжат да растат. Професорот по агроекономија, Драги Димитриевски, вели дека јазот помеѓу понудата и побарувачката ќе ја диктира цената. Анализите велат дека во време на криза, најбезбедна и најевтина е храната што се произведува дома, но миграцискиот пустош низ македонските села е лоша вест за трпезата. Најзагрозени се сточарството, овоштарството и градинарството.

Според Димитриевски, најавите за поскапување на лебот се неоправдани, бидејќи смета оти со ланскиот скок на цената на белите печива се амортизира дополнителниот трошок што го создаваат поскапените ресурси за производство. Што се однесува до другите производи, растот на цените и растот на профитот одат паралелно. Нафтените компании, енергетските компании се најголемите добитници, велат производителите кои мака мачат да им докажат на потрошувачите дека тие не го собираат профитот.

Намалената куповна моќ ќе предизвика зголемена достапност до нискоквалитетната храна или т.н. брза храна. Тоа е опасност дека државата ќе се соочи со зголемена бројка на кардиоваскуларни болести, гојазност и дијабетес.