strumica denes logo

КБК „К1 АРЕНА“ ОД СТРУМИЦА СЕ ВРАТИ СО 10 МЕДАЛИ ОД ДРЖАВНОТО КИК-БОКС ПРВЕНСТВО!

Автор:

Датум:

март 3, 2026

Автор:

Датум:

март 3, 2026

Кик-бокс клубот КБК „К1 АРЕНА“ од Струмица забележа одличен настап на Државното кик-бокс првенство, освојувајќи вкупно 10 медали – 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

Струмичките кик-боксери покажаа висок степен на подготвеност, дисциплина и борбен дух, со што уште еднаш го потврдија квалитетот на клубот и континуитетот на успесите на домашната сцена.

Со златни медали се закитија Петре Велков, Глигор Николов, Лука Колев и Христијан Колев. Сребрени медали освоија Александар Илиев и Ненад Јанев, додека бронзените медали им припаднаа на Александар Јанев, Ристе Трајков, Антонио Трендов и Панцо Соколов.

Овој резултат претставува значајно признание за работата на клубот и мотив за нови успеси, а воедно е и гордост за Струмица, која продолжува да има силни претставници во боречките спортови.