strumica denes logo

КАРАТЕ КЛУБ „ШИХАН“ ОД СТРУМИЦА СО 42 МЕДАЛИ НА „IPPON OPEN 2025“ ВО ЛЕСКОВАЦ И БЕШЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ КЛУБОВИ НА ТУРНИРОТ!

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

Карате клуб „Шихан“ од Струмица забележа триумфален настап на меѓународниот карате турнир „Ippon Open 2025“, кој се одржа на 23 ноември 2025 година во Лесковац. Струмичкиот клуб доминираше на татамито и се враќа дома со вкупно 42 освоени одличја.

Натпреварувачите на „Шихан“ успеаја да освојат 23 златни, 15 сребрени и 4 бронзени медали, со што уште еднаш го потврдија континуитетот на одлични резултати на меѓународната сцена.

Покрај индивидуалните успеси, карате клуб „Шихан“ беше прогласен и за еден од најдобрите клубови на турнирот, што претставува дополнителна потврда за квалитетната работа, дисциплината и посветеноста во клубот. Струмичките каратисти се истакнаа со одлична техника, спортски дух и борбеност во сите категории во кои настапија.

Од клубот упатија благодарност до тренерите, родителите и сите поддржувачи кои континуирано стојат зад успехот на младите спортисти, најавувајќи дека со иста енергија и посветеност ќе продолжат да освојуваат нови медали и признанија на наредните натпревари.

  • Banner