strumica denes logo

КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: ДНК добитници на награда за хуманост – Иако сме најсиромашен народ на Балканот, кога е најпотребно делиме од тоа малку што го имаме!

Автор:

Датум:

ноември 15, 2023

Автор:

Датум:

ноември 15, 2023

Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески-Андреј од ДНК се годинешни добитници на наградата „13 Ноември“ од Град Скопје за повеќе од 20-годишен придонес преку одржување на бројни хуманитарни концерти.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Велат дека оваа награда им е најзначајна.

– Ова е дефинитивно нашата најзначајна награда со оглед на тоа што градот Скопје ни ја додели во областа на хуманитарната активност и придонес кон македонската поп музика во градот и пошироко, за што се заслужни нашите синглови, албуми, солистички и хуманитарни концерти и се разбира, Вашата поддршка како во последниот период така и последните 21 година, порачаа од ДНК.