Декември веројатно и нема да донесе некои врнежи од снег во главниот град. Како што денеска изгледаат прогнозите.
Оваа недела ќе ја завршиме во генерално врнежливо време. Денеска се очекува некое мало разведрување но за викендот повторно ќе имаме дожд. Поради облаците, температурите нема да одат во минус во утринските часови а во текот на денот ќе се движат околу 10 степени.
Релативно високи температури за овој период од годината се очекуваат и од понеделник. Речи си цела работна недела ќе ја поминеме со двоцифрени дневни температури и утрински кои ќе бидат неколку степени над нулата. Крајот на неделата се очекува заладување кога утринските температури ќе се спуштат и под нулата а дневните ќе се движат околу 6 степени. Во текот на оваа недела се очекува и дожд, особено на почетокот и пред стартот на викендот.
Слични услови ќе имаме се до крајот на првата половина на месецот. Дожд ќе врне речи си секој ден а температурите и наутро ќе останат во позитива, а дневните ќе се движат околу 10 степени.
Постудена воздушна маса се очекува во претпоследната недела од декември. Заедно со влагата во воздухот и во облаците можно е да провее и снег. Утринските температури ќе се спуштаат и до минус 6 степени а дневните ќе останат околу 2 степени. Во такви услови можно е на кратко да се задржи и снежна покривка бидејќи не се очекуваат некои интензивни врнежи.
Последната недела од годината ќе биде генерално сува. Утрата ќе имаме температури од околу минус 7 степени а дневните ќе се искачуваат до 3.
Новогодишната ноќ се очекува да биде сува со минимални температури околу нулата а максимални до 8 степени.
Иако ваквите долгорочни прогнози не даваат прецизни податоци, сепак, она што сега се предвидува е дека повеќе снег ќе има во јануари.