Какво ќе биде времето за 1 мај?

април 28, 2023

Управа за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) ја објави временската прогноза за следните денови.

На 29 април се очекува максимална температура до 22 степени, а преку денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец.

В недела (30 април) се очекува локално зголемување на облачноста, проследено со краткотраен дожд и појава на грмежи.

На 1 мај времето ќе биде умерено облачно, а попладне со локален пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и максималната температура ќе биде до 23 степени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ