КАКО ШТО СИ ЛИЧИ: „МЛАДИНСКА“ БЛЕСНА СО НОВО ЛЕД ОСВЕТЛУВАЊЕ!

април 17, 2019

Улицата „Младинска“ вечерва блесна со ново ЛЕД осветлување. На потегот од градинката кај болницата до градинката кај основното училиште „Никола Вапцаров“ во должина од 1,7 километри светнаа вкупно 47 нови ЛЕД светлечки места. На пробното вклучување на новото осветлување на овој дел од улицата „Младинска“, присуствуваа градоначалникот Коста Јаневски и директорот на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ со соработниците. Жителите на овој потег од улицата веднаш ја забележаа разликата и ја поздравија реализацијата на овој проект со кој комплетно е заменето старото со ново модерно осветлување.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ