На 09.07.2025 во 23.00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.Џ.(21) од Струмица. При преглед на патничко возило „алфа ромео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Џ. била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против С.Џ. ќе биде поднесена соодветна пријава.
КАЈ 21 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ МАРИХУАНА!
