ЈАВНО ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ КОМПАНИИТЕ КОИ НЕ ДАВАЛЕ ПЛАТА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА!

ноември 11, 2023

Еден поранешен вработен во УЈП завршил во притвор бидејќи помагал на разни компании да го зголемат ДДВ-то на фиктивен начин, рече синоќа во Клик Плус директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Станува збор за 34 компании кои со своите конекции и криминални цели сакале да го оштетат државниот буџет.

Околу 700 работодавачи не им даваат плата на време на вработените. Ним им се блокирани сметките. За тоа, Лукаревска вели дека тие компании ќе бидат објавени со цел да ги видат сите граѓани.

Лукаревска соопшти дека е формиран национален совет за борба против сивата економија со цел да се одлучи како ќе се постапува понатаму. Од јануари до 30 октомври се извршени 3712 контроли.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ