Јапонија успешно лансираше ракета, треба да слета на Месечината за неколку месеци

септември 9, 2023

Јапонија успешно лансираше ракета со модул создаден за работа на Месечината. Леталото треба да слета на нашиот пироден сателит за неколку месеци – со голема прецизност, на радиус од максимални 100 метри од целта.

По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата „Х-ИИА“ на Јапонската вселенска агенција ЈАКСА полета денеска од космодромот во Танегашима на брегот на Тихиот Океан.

Месечевата лабраторија наречена „СЛИМ“ би требало да слета на Месечината за четири до шест месеци. Целта е проучување на карпите на Месечината, како и внатрешноста којашто засега е слабо истражена.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ