strumica denes logo

ЈАНЕ КИРОВ: ДРЖАВАТА Е МАЈКА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА, А МАЌЕА ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР!

Автор:

Датум:

март 30, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 30, 2020

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Македонија периодов се соочува со досега најголемиот предизвик на здравствениот систем, да се справи со Ковид-19. Но, трајни и сериозни последици Ковид-19 ќе остави врз стопанството и економијата кои и не беа наша јака страна. Државата ја заштити администрација со тоа што им најави на вработените основна плата за идните два месеци. Се разбира, административните работници реагираат бидејќи ова значи девастација за личниот буџет и домашниот стандард токму на луѓето кои секојдневно работат со граѓаните.

Чудно, досега како да е заборавена категоријата која е клучна за животот на нашата држава. Тоа е стопанскиот сектор. Затворени се дуќаните, пазарите, угостителските објекти. Многумина од занаетчиите, превозниците, трговците, работниците во малото стопанство веќе не се сигурни за своите работни места;
Индустријата, земјоделието и транспортот се оставени сега за сега сами на себе. А, токму тие се вистинските носители на стопанскиот живот во земјата. Оние кои произведуват, тие кои транспортират и оние кои го продават произведеното овде и насекаде низ светот.

Неодамна, очајно ја повикаа државата која бара од секој поединец да седи дома, да им бидат обезбедени бруто плати, да бидат замрзнати долговите кон банките и да бидат обезбедени некакви субвенции за штетите од кризата. Поголемите стопански субјекти со улога во транзицијата на деведесетите години можеби сепак ќе се снајдат во кризата, дури можеби имаaт можност и за донација, но за средните и малите субјекти иднината е неизвесна. Досега, од страна на Владата понудени се бескаматни кредити за стопанството. Но, кој може да се чувствува сигурен за нови кредити кога не е сигурен во исплата на веќе постоечките, особено кога банките за олеснувањето ќе одлучуваат според својата политика.

Имам пријател бербер. Не работи веќе подолго време и нормално дуќанот е затворен, а тој седи дома. Трошковите се трупат, сметките веќе поштарот му ги нареди во поштенското сандаче.Сепак примерите од соседството се за голема пофалба пофалба. „Не блескат како нас“, ама кога државата ги става граѓаните во карантин, им ветува нормално функционирање без разлика на условите.

На крај, зошто државата е мајка за администрацијата, а маќеа за стопанствениците? Па, се уште течат огласи за нови вработувања, разни интересни набавки и други непродуктивни трошкови.

Мајка за своите од администрацијата, а маќеа за оние кои најмногу придонесуваат за создавање и одржувањето на животот на нацијата!