Јагоди во Македонија од 300 денари во ноември – луксуз или лудост?

ноември 5, 2023

Додека повеќето од нас се задоволуваат со јаболка и портокали во есенските денови, има и такви кои не можат да се откажат од јагодите, иако сезоната за нив одамна заврши.

На пазарите во Македонија, може да се најдат пластични канчиња со јагоди, кои се продаваат по цена од 300 денари за едно канче.

Оваа цена е пет пати повисока од просечната цена на јагодите во месец мај, кога е врвот на нивната сезона.

Но, очигледно тоа не ги спречува некои потрошувачи да си ги купуваат овие црвени деликатеси, кои според нив вредат секој денар.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ