strumica denes logo

Извршителите лани наплатиле рекордни 160 милони евра!

Автор:

Датум:

март 25, 2025

Автор:

Датум:

март 25, 2025

Извршителите минатата година од државата како должник наплатиле рекордни 31,5 милиони евра, без да се наведе колку од оваа сума е за основен долг, колку за камати и колку за награда, пишува во извештајот на комората за 2024, објави „Фактор“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од граѓани одземени се 47 милиони евра, најмногу досега.

„Според структура на должници, извршителите во 2024 година наплатиле најмногу парични средства од должници правни лица, поточно 84.334.575 евра,

потоа од физички лица износ од 46.933.986 евра и крајно

од Република *Македонија износ од 31.495.995 евра“, објави Комората на извршители на Р*М.

Наплатата од државата и од физичките лица е рекордна во однос на претходните години.

Вкупната сума на извршување од 160 милиони евра е втора најдобра година за извршителите, по онаа во 2017 кога биле наплатени 166,2 милиони евра.