Денеска на неколку локации во Струмица беа поставени патоказни табли, при што на дел од нив беа забележани ненамерни технички грешки.
Од НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица ја информираат јавноста дека овие пропусти не се резултат на работа или постапка на установата.
Во интерес на точноста и коректното информирање, како што наведуваат, таблите на кои се појавиле грешките ќе бидат повлечени (извадени), а во текот на следните денови ќе бидат поставени нови табли.
Од установата упатија благодарност до граѓаните за разбирањето и до сите кои укажаа на забелешките, додавајќи дека остануваат посветени на професионално и прецизно претставување на културното наследство и јавната сигнализација.




























