Известување на „Комуналец“-Струмица:
Иако последните резултати од испитувањето на водата покажуват дека параметрите се околу границата кои ја прават водата исправна, ги известуваме граѓаните да не ја користат за пиење. По препорака од државната агенција за храна и ветерина ја спроведуваме мерката за хиперхлорирање на водоводната мрежа и во наредниот период во водата ќе има зголемено присуство на хлор. По извршеното чистење повторно ќе се извршат лабораториски анализи по кои се надеваме дека ќе добиеме безбедна вода за пиење. Во меѓувреме апелираме да не се користи водата за пиење а до нормализирање на состојбата ЈПКД Комуналец континуирано ќе врши достава на питка вода низ цела општина.