Поради градежни работи за реконструкција на поројот „Крушевска Република“, воведен е променет режим на сообраќај на потегот од кружниот тек кај ЕВН до улицата „Младинска“, информираат од Општина Струмица.
На оваа делница целосно е забрането движењето на моторни возила во двете насоки. Исклучок се жителите кои живеат на овој потег, за кои ќе бидат обезбедени посебни услови за користење на нивните возила.
Од Општината апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација додека траат работите.
Реконструкцијата треба да ја подобри функционалноста и да му даде нов изглед на овој дел од поројот „Крушевска Република“.
























