Струмичанецот Никола Черкезов по третпат ја води најтешката животна битка – трета трансплантација на коскена срцевина, извршена во болницата Medikal Park Bahçelievler во Istanbul, Turkey.
Според информациите од неговото семејство, во овој момент итно е потребна крвна група 0 негативна (0–). По сложената интервенција, организмот на Никола повторно се бори, а секоја единица крв претставува шанса повеќе за закрепнување и враќање дома.
Се упатува апел до сите кои во моментот се наоѓаат во Истанбул, а имаат крвна група 0– и ги исполнуваат условите за дарување, да се јават и да помогнат.
Услови за дарител:
Турски државјанин или лице со важечка дозвола за престој
Крвна група 0 негативна (0–)
Добра здравствена состојба, без хронични заболувања
Од семејството информираат дека е обезбеден целосен транспорт – од домашната адреса на дарителот до болницата и назад, со цел да се олесни процесот и да не постојат дополнителни пречки за хуманите граѓани.
„Секоја донација значи чекор поблиску до закрепнување. Секој дарител значи нова надеж“, порачуваат блиските на Никола.
Контакт (клиника):
Azra: +90 536 888 92 51
Hasan: +90 534 268 25 00
Gülo: +90 530 261 47 37
Се апелира до сите што можат да помогнат, и да ја споделат информацијата, со цел што побрзо да се обезбеди потребната 0 негативна крв за Никола.




























