Италијански авиони ќе го чуваат македонското небо

јули 31, 2023

Подготовката за изработка на технички аранжман за вклучување на италијанските воздухопловни сили во мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо започна вчера, информира Министерството за одбрана.

„Согласно планот за билатерална соработка со Италија, вчера во Воздухопловниот ВИНГ се одржа иницијален состанок во врска со подготовка и изработка на технички аранжман за вклучување на военото воздухопловство на Република Италија во мисијата за воздушно патролирање на небото на Македонија“, соопштија од Министерството за одбрана.

Италија, согласно донесената одлука, наскоро ќе се вклучи во оваа мировна мисија на НАТО со патролирање во македонскиот национален воздушен простор со цел зајакнување на мисијата на воздушно патролирање. Со оваа одлука, Македонија се доближува до целосно исполнување на критериумите на интегрираниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО во заштитата на македонското небо.

Инаку, според Министерството за одбрана, патролирањето ќе се реализира согласно НАТО принципите на заменливост меѓу воздухопловните сили на Грција и Италија во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија и македонските воздухопловни власти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ