strumica denes logo

ИСТРАЖУВАЊЕ НА СКУП: ОПШТИНА СТРУМИЦА ЗА ТРИ ГОДИНИ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И ФИРМИ, НАПРАВИЛА СМЕТКА ОД 230.000 ИЛЈАДИ ЕВРА!

Автор:

Датум:

декември 12, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 12, 2019

Категории:

Струмица

Истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека 64 општини три години потрошиле 2.2 милиони евра.
Општина Струмица рекордер во трошењата за репрезентација во споредба со останатите општини, следена од Струга, Прилеп, Битола и Ѓорче Петров. За 2018 година, највисок тендер за репрезентација има склучено општина Ѓорче Петров. – стои во истражувањето на СКУП.

И покрај јавните заложби за домаќинско и рационално раководење со буџетот, во реалност повеќето од општините продолжуваат да не штедат кога се во прашање народните пари. Истражувањето на СКУП во рамките на проектот ПЕП покажува дека 64 општини од Република С.Македонија, само за репрезентација во последните три години, вкупно потрошиле 2.220.634 евра. Во просек, во овој временски период секоја општина потрошила по околу 34 илјади евра, или над 11 илјади евра годишно.

Општина Струмица рекордер во трошењата за репрезентација во споредба со останатите општини. Во последните три години оваа единица на локалната самоуправа, само за гозби останати активности за застапување на институцијата, по угостителски објекти и фирми направила сметка во износ од 230.073 евра. Втора на листата е Струга со 169.648 евра, следена од Прилеп со 161.866 евра, Битола 153.392 евра и Ѓорче Петров 101.535 евра. Додека пак, најмалку потрошила општина Пласница, 1.155 евра, а до 3.000 евра потрошиле Зрновци, Ранковце, Кратово и Студеничани.

Целосната вест може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК