ИСТРАЖУВАЧИТЕ ВЕЛАТ: Диносаурусите можеби постојат и денес на други планети!

ноември 23, 2023

Диносаурусите се изумрени пред 65 милиони години, но неколку научници претпоставуваат дека тие може да постојат и денес на други планети. Истражување покажува дека освен што може да има диносауруси на други планети, можеме и лесно да ги најдеме.

Според истражувањето, научниците не треба да се фокусираат на барање соединенија кои се моментално на Земјата, туку такви какви што имало во времето кога живееле диносаурусите. Нивото на кислород во воздухот било поголемо во тоа време, а тоа им овозможило на диносаурусите да се развиваат и да се главни жители на Земјата во период од милиони години.

Според истражувачите, доколку се најдат планети со слично ниво на кислород како Земјата во тоа време, тогаш условите таму може да бидат совршени за живот на суштества како диносаурусите.

– Ова ни дава надеж дека можеби е малку полесно да најдеме знаци на живот – дури и голем, комплексен живот – на друго место во вселената – вели Лиса Калтенегер, која учествувала во истражувањето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ