Струмичанецот Пепи Велков го освои златниот медал и стана шампион на 31. Светски кикбокс куп во Будимпешта!
Велков забележа извонреден настап на престижниот меѓународен турнир, демонстрирајќи одлична форма, сигурност и огромна борбеност во рингот. На патот до големото финале ги совлада полскиот натпреварувач Адријан Шпетани и Украинецот Павло Хавришчук, а со победата во финалната пресметка заслужено се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.
Ова е огромен успех за Пепи Велков, за Струмица и за македонскиот кикбокс!
Честитки, шампионе! 🥇🇲🇰





















