strumica denes logo

ИСТОРИСКИ РАСТ: Докторите во Македонија добиваат 50% покачување на платите во следните четири години!

Автор:

Датум:

јануари 4, 2025

Автор:

Датум:

јануари 4, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Владата целосно ги почитува сите договори со синдикатите во здравството, вклучувајќи ги и обврските преземени од претходната Влада. Според него, платите на здравствените работници ќе продолжат да растат во следните четири години, со можност за вкупно 50% зголемување на паричната маса за плати, доколку тоа го дозволи буџетот.

„Поголемите плати за здравствените работници се веќе реалност, а овој раст ќе продолжи. Постигнавме историски договор со синдикатите и го исполнуваме,“ изјави премиерот.

10% зголемување е реализирано од октомври 2023 година.
5% дополнителен раст е планиран за април 2024 година.
До 2027 година, зголемувањето може да достигне до 50%.
„Оваа промена е различно дистрибуирана – техничкиот персонал добива поголемо процентуално зголемување, додека лекарите добиваат помалку. Сепак, ова е голем успех,“ додаде тој.

Структурни реформи за подобра здравствена услуга
Премиерот најави дека зголемувањето на платите ќе биде придружено со структурни реформи во здравствениот систем.

„Граѓаните ќе добијат поквалитетна здравствена услуга, а здравствениот систем ќе биде многу поефикасен. Вработувањето на специјализанти е веќе обезбедено, што ќе стави крај на долгогодишните проблеми,“ истакна тој.

Над 1.000 нови вработувања во здравството
Мицкоски потврди дека Владата работи на вработување на повеќе од 1.000 нови здравствени работници, како дел од реформите.

„Процедурите за нови вработувања се веќе во тек. Средствата се обезбедени, а ние сме целосно посветени на реализација на овој план,“ изјави премиерот.