Оваа влада не би ја отворила темата за македонското малцинство, јас не би ја ни коментирал, рече бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Собранието и вети дека „нема да подлегнува на провокации“.
ОМО Илинден е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски“.
Оваа изјава на бугарскиот премиер предизвика револт кај Македонците во Бугарија.
Стојко Стојков, еден од најистакнатите Македонци во Бугарија вели дека изјавата на Петков не е изненадување и оти тој и се придружува на срамната тодорживковска традиција на дискриминација и прогонување на на македонското малцинство во Бугарија.
Срамно е за премиер на европска земја осудена 14 пати за крешење на правата на Македонците да одбива дури и да разговара. Уште подволично е да велиш дека не е доволно бугарско малцинство влезе во Уставот на Македонија а од друга страна одвиваш и да говориш за правата на македонското малцинство во Бугарија. Провокација се неговите искажувања а бугарската политика против македонското малцинство е провокација за европскиот вредносен систем-вели Стојков за „Република“.
Интересно е и тоа што за време на одржувањето на денешната средба на ОМО Илинден Пирин со претседателот Пендаровски фејсбук страната на партијата беше блокирана како „спам“.